fbpx

Со 62 гласа „за“, Собранието изгласа доверба на владата предводена од премиерот Заев

-

Откако премиерот Зоран Заев денеска усно во Собранието на РСМ побара пратениците да гласаат за доверба на владата, пратениците пристапија кон гласање на доверба на актуелната влада. Владата доби доверба од сите 62 пратеника од парламентарното мнозинство, кои гласаа „за“ доверба на владата, без ниту еден пратеник „против“ или „воздржан“. Опозициските пратеници попладнево не присуствуваа на гласањето на доверба во Собранието.

Порано во текот на денов, премиерот Зоран Заев побара пратениците да гласаат за доверба на владата, повикувајќи се на член 93, став 1 од Уставот, којшто вели дека Владата има право да постави прашање за доверба пред Собранието, како и на член 217, став 2 од Деловникот за работа на Собранието, кој вели дека кога прашањето за доверба на владата го поставува претседателот на владата усно на собраниската седница, Собранието на РСМ гласа за доверба на владата без расправа.

„Ред е да се соочиме и да расчистиме, да го видиме на дело тоа толку многу најавувано наводно мнозинство од опозицијата кое наводно ќе ја падне оваа влада, ова е моментот кога ќе им покажеме на граѓаните колку има вистина во зборовите на опозицијата, ова е моментот да видиме за што всушност станува збор, стабилна власт со стабилно парламентарно мнозинство или разнишана опозиција, мора да е едното од двете, ако не и двете заедно“, изјави премиерот Заев од собраниската говорница.

Премиерот Зоран Заев рече дека граѓаните секој ден се изложени на лажни вести и дезинформации за некакво ново непостоечко мнозинство, за некоја нова нестабилност и што ли уште не, само поради внатрепартиски цели во ВМРО-ДПМНЕ упорно се пласираат лаги со цел да се да се создаде перцепција на несигурност кај граѓаните и на неизвесност за економијата.

„Сепак како и секогаш вистината е најсилното оружје против лагите, лажните вести и невистините, парламентарното мнозинство, јас, Владата и коалицијата нема да дозволиме неизвесност, несигурност, сопки, блокади и опструкции“, изјави премиерот Заев.

Со изгласувањето на доверба на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, во наредните 90 дена нема да може да се поставува ова прашање, т.е. нема да може да се поднесе нова иницијатива за доверба на извршната власт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...