fbpx

Со 6 милиони денари се реставрираат конаците во манастирот Св. Пантелејмон на Водно

-

За реконструкција и реставрација на конаците во комплексот Св. Пантејлемон на Водно, Министерството за локална самоуправа, на барање на општина Карпош, одобри 6 милиони денари, средства со кои се интервенира во внатрешноста и надворешноста на просториите, со цел враќање и задржување на нивната автентичност, и оригиналноста на изгледот на манастирскиот конак.

„За овој проект аплицираше локалната власт, и Министерството, заедно со Бирото за регионален развој, одобрија 6 милиони денари за замена на столаријата, внатрешно уредување и пренамена на одредени простории, менување на подот, реконструкција на тоалетите, поставување на нова електрична инсталација, нов систем за вентилација и друго. Со сите овие интервенции, ја враќаме автентичноста на внатрешниот простор а ќе се задржи и автентичноста на надворешниот изглед на манастирскиот конак. Идејата е овој комплекс да се реновира и да стане уште едно монашко светилиште, со кое ќе можеме да се претставиме пред туристите кои ја посетуваат државата“, порача министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, при денешната посета на градежните работи на Св. Пантелејмон.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, посочи дека денеска со Националниот Совет за заштита на културното наследство, ќе отпочне подготовката за пишување за тентативната листа на УНЕСКО за црквата од 12. век Св. Пантелејмон во Нерези.

„Нашата земја изобилува со вакви различни културни добра, вредни за споделување со светот. Заштитата на културното наследство е приоритет на Владата. Св. Пантелејмон е заштитник на лекарите, нека им е на помош и ним и на оние на кои особено сега им е неопходна“, додаде Стефоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...