fbpx

Со 12 електрични метларки, вакуумски ќе се чистат улиците во Скопје

-

ЈП „Комунална хигиена“Скопје денеска започна да ги употребува новонабавените 12 електрични метларки наменети за вакуумско чистење.

„Станува збор за еколошки машини што работат на електричен погон, така што не го загадуваат амбиенталниот воздух. Електричните метларки ќе се употребуваат за одржување на хигиената на јавните површини во градот Скопје. Во текот на денешниот ден, екипите на претпријатието со новите метларки ги чистат Плоштадот и улицата Македонија, централното градско подрачје, булеварот Илинденска и булеварот Партизански одреди“, информираат од претпријатието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...