Снимателот и новинарот на „А1он“ добиле потрес на мозокот, пуштени се од болница

-

Потреси на мозок и други повреди добиле снимателот и новинарот на „А1он“, Влатко Желчески и Александар Тодески, кои вчера на крајот на протестот организиран од иницијативата „За заедничка Македонија“ беа брутално претепани од петмина насилници, потврди Тодески за „Мета“.

И обајцата се пуштени на домашно лекување откако ја минаа ноќта во Ургентен центар.

– Во моментов наодите од болница се носат во полициска станица, а секако ќе поднесеме тужби – изјави Тодески.

Порталот „А1он“ тужбите ги најави уште вчера, а неколку часа по кукавичкиот напад, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, го информирал Здружението на новинарите на Македонија дека има приведени.

Петмина учесници на протестот, на крајот на собирот, ги нападнале снимателот Желчески и новинарот Тодески додека ги изведувале работните задачи за известување од протестот настанот. Напаѓачите ја скршиле камерата на „А1он“, а Желчески и Тодески потоа со возило на брза помош беа пренесени во Ургентниот центар.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...