Голем успех на апликацијата за пораки „Снепчет“. Бројот на дневни корисници на оваа апликација се искачил на 293 милиони, што е за 23 отсто повеќе од истиот период во 2020 година. Ова е своевиден рекорд на бројот на корисници на оваа апликација од нејзините почетоци, јавува Engadget.
„Снепчет“ годинава успеа да го претрка „Твитер“ според бројот на корисници секојдневно, а со ова приходите на компанијата пораснале за 116 отсто на импресивни 982 милиони долари.
Оваа апликација успех постигна и со „Спотлајт“ (Spotlight), новата алатка во својата апликација на која што се прикажуваат видеа креирани од корисниците. Конкуренцијата на „ТикТок“ има пораст на бројот на дневни корисници за 49 отсто, и иако беше лансирана кон крајот на минатата година, „Спотлајт“ веќе го има утростручено просекот на дневни содржини што го објавуваат корисниците.