fbpx

Снег во Скопје, пешачките и велосипедските патеки неисчистени, внимателно со возилата под дрвја

-

Иако е март, Скопје утрово се разбуди под снежна покривка дебела околу 15 сантиметри. Обилните врнежи во ноќните часови го забелија градот, но утрово почнаа да се појавуваат и првите проблеми.

Фото: Мета.мк

Најголема опасност предизвикува влажниот снег кај дрвјата, па така утрово Мета.мк ги забележа првите паднати гранки и дрвја. Под тежината на снегот, забележавме паднати гранки врз автомобили, така што граѓаните треба да внимаваат на своите возила што ги паркирале под дрвја.

Фото: Мета.мк

Инаку, главните сообраќајници низ Скопје утрово се чисти, со остатоци од кашест снег на коловозот. Сепак, Мета.мк забележа дека клучните велосипедски и пешачки патеки по булеварите не се исчистени, односно градските власти не си ја завршиле својата работа дури и долж булеварот Илинден, на 100-тина метри од бараките на Градот Скопје.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска прогнозираат облачно време со врнежи од снег во Скопје, а дневната температура ќе достигне 4 степени. Снег ќе продолжи да паѓа и во поголемиот дел од земјава, со исклучок на централните и јужните делови на Повардарието каде врнежите ќе бидат претежно од дожд.

Облачно време со врнежи од дожд и снег се прогнозираат и во текот на наредните денови. Метеоролозите предвидуваат и минусни температури во утринските часови, а особено студено ќе биде кон крајот на неделата. Од УХМР предупредуваат дека температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период од годината.

Особено внимание треба да посветат овоштарите, кои треба да преземат мерки за заштита од замрзнување на дрвјата. Во Скопје и во појужните делови од земјава веќе може да се забележи цветање на одредени дрвја, така што температурите под 0 степени може да предизвикаат мрзнење на оние дрвја кои се наоѓаат во фазата на цветање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...