Snapchat започна со тестирањето на опцијата за воведување на претплата за опцијата Snapchat Plus, за која што би биле заинтересирани корисниците на премиум услуги, јавуваат светските медиуми. Бесплатната верзија на апликацијата ќе може да се користи и во иднина од сите, со тоа што во наредниот период нема да бидат достапни премиум услугите за корисниците кои не сакаат да платат.
Засега не се познати сите премиум услуги за корисниците, но една од споменатите можности е корисниците да добијат пристап до некои ексклузивни икони. Корисниците на Snapchat Plus, исто така, ќе можат да ги видат локациите на нивните пријатели во изминатите 24 часа, во случај кога тие пријатели ја споделуваат нивната локација со корисникот. Исто така, ќе можат да видат колку пријатели повторно ги гледале нивните објави.
Претплатата за премиум услугите ќе ги чини корисниците 4,59 евра (4,83 долари) месечно или 45,99 евра (48,41 долари) годишно. Оваа опција, заедно со планираните цени, може да се променат до моментот кога функцијата ќе биде подготвена да се стартува, доколку Snapchat дефинитивно одлучи да ја понуди претплатата на корисниците по периодот на тестирање.