fbpx

Сметките за струја на рати и без камати за погодените граѓани

-

Граѓаните кои се погодени од корона кризата. односно земаат минимални плати, сметките за струја за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.

-Сакам и официјално да објавам дека во комуникација и во договор со компаниите од енергетскиот сектор – ЕВН и БЕГ снабдување, на погодените граѓани ќе се овозможи за месеците мај, април и март да можат своите трошоци доколку не се во можност да ги покријат да ги плаќаат на рати и притоа каматата заради заостанатото плаќање нема да се калкулира, значи за три месеци ќе имаат можност најпогодените граѓани да си ги платат своите трошоци за електрична енергија и за топлинска енергија на рати и притоа каматата воопшто нема да им се калкулира – рече директорот на РКЕ.

Во однос на сметките за вода и комунални услуги, тој вели дека ќе остане на јавните претпријатија да решат како ќе се постават.

-Но упатуваме апел до потрошувачите, особено овие сметки да се покриваат редовно, имајќи предвид дека трошоците за овие сметки реално се најмали во однос на останатите – рече Бислимовски.

Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
udemy paid course free download
download lava firmware
Download Nulled WordPress Themes
udemy paid course free download