fbpx

Случајот „Тенковски делови“ се враќа во Кривичниот суд

-

Врховниот суд на Република Македонија до Основен суд Скопје 1 ја доставил пресудата за осудените Т.К. и В.Б. кои се опфатени во предметот во јавноста познат како „Тенковски делови“, а во која стои дека нивните барања за вонредно преиспитување на правосилната одлука, поднесени преку нивните бранители, се уважува, соопштија од Основниот суд.

Во соопштението се наведува дека предметот се враќа на повторно судење пред првостепениот суд.

Во случајот „Тенковски делови“ меѓу обвинетите се и поранешниот министер за одбрана и поранешен премиер Владо Бучковски, како и поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски. Предметот кој беше отворен пред девет години, третпат се враќа во скопскиот кривичен суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...