Апелациониот суд ги прифатил жалбите на обвинетите и ја поништил првостепената одлука за случајот „Беса транс“ со која сопственикот Беким Хаџиу е осуден на 20 месеци затвор, објави Алсат.
Жалбите се поврзани со фалсификувањето на потврдата за сообраќајна дозвола.
Според првостепеното решение кое се заснова на обвинението, Хаџиу преку возачите кои го управувале автобусот употребил лажна потврда за дозвола, која не била издадена од Министерството за транспорт и врски.
На тој начин поминувал граница повеќе од 20 пати иако одбраната негираше дека документот е фалсификуван.
Обвинителството соопштува дека со доказите е докажано дека автобусот на компанијата Беса Транс кој изгоре во Бугарија, наместо специјална ја користел општата дозвола, која е само поврзана со работењето на субјектот.
Првостепеното судење за овој случај започна на 15 ноември 2022 година.