Семејството на Насер Ештрефи  до Комисијата за спречување на корупцијата поднесе барање за проверка на работата на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски кој, според нив, случајот му го распределил на судијата Илија Трпков рачно, не согласно законска постапка, односно случајот не е распределен преку системот АКМИС, известува „Порталб.мк“.

„Бараме од Вас да, во рамките на вашите надлежности, ја разгледате работата на поранешниот претседател Владимир Панчевски. Од едноставна причина што имам сознанија дека случајот на судијата Илија Трпков не му е распределен по електронски пат, туку вербално или рачно. Јас сум подготвен да ви ги предадам сите докази што ги имам за овој случај“, напишал дедото на Насер, Илми Иштрефи, кој го поднел барањето до Антикорупциска.

Потпретседателот на Антикорупциска, Нури Бајрами, во изјава за „Порталб.мк“, рече дека барањето, ќе го дојде на ред според правилникот, ќе биде разгледано.

„Имаме многу предмети, не би можел да кажам точно кога, но кога ќе дојде на ред согласно правилникот, секако ќе го разгледаме, бидејќи ниту еден предмет не поминува без да биде разгледан. Засега не можам да кажам ништо, но откако ќе го разгледаме случајот, тогаш ќе видиме дали има нешто за да постапиме”, вели  Бајрами.

Инаку, Панчевски беше суспендиран поради непрофесионално и несовесно вршење на судиската функција. Обвинителството поднесе обвинение против Панчевски за местење на предмети за подобни судии додека бил на чело на скопскиот суд. Според обвинителството, тој им делел предмети на подобни судии, заобиколувајќи го системот за електронска распределба на предмети АКМИС. Покрај предметите на редовното обвинителство, Панчевски ги рачно ги делел и предметите водени од Специјалното обвинителство.

Од друга страна, Врховниот суд ги игнорира прашањата на „Порталб.мк“ за деталите во врска со случајот на Насер Ештрефи, кој три години чека највисоката судска инстанца во државата да се произнесе по неговата жалба, против одлуката на Основниот суд и Апелациониот суд, според која тој беше осуден на 14 години затвор за убиството на матурантот во Ѓорче Петров во 2014 година.

Убиството на матурантот на Петковски се случи во мај 2014 година, кога, како што објави Судот, Ештрефи му го украл велосипедот на Петковски. Петковски заедно со неговиот татко Сашко Петковски се пуштиле по Ештрефи, и во шеталиштето покрај Вардар, во близина на Очната болница, го пристигнале. Следела тепачка и како резултат на тоа, Ештрефи го прободе со нож матурантот Петковски.

Ештрефи изјавил дека се чувствува виновен само за кражбата, но не и за убиството, бидејќи знаел дека тие го следат, но дека немал намера да убие никого, а порано нема сторено ниту едно кривично дело.