fbpx

Слуачајот „Ел-Масри“ како бумеранг ќе ѝ се врати на ЦИА

-

Судскиот процес на Калид Ел-Масри против Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур би можел како бумеранг да ѝ се врати на ЦИА, оценуваат американски правни експерти.

Директорот на Американската граѓанска унија за слободи, Ксина Шамси, смета дека извештајот на Сенатот за тортурите на ЦИА ќе придонесе за зголемување на притисокот за истрага и за отчет, но не во американските судови, туку во странство.

– Пандорината кутија се отвори кога ЦИА одлучи да врши тортура. Веќе се бара одговорност за ваквите постапки – вели Шамси за „Блумберг“.

Од почетокот на борбата против тероризмот во САД, па досега се регистрирани шест случаи во кои жртвите на тортурата пред судот бараат правда за нивното измачување, од кои два пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Првиот таков случај беше со Ел-Масри, кого македонските власти го уапсија во декември 2003 година, постапувајќи по меѓународна потерница за апсење, издадена од САД. Германецот со либанско потекло 23 дена бил испрашуван во хотел во Скопје, а подоцна американски агенти го пренеле во Авганистан, каде останал во притвор дополнителни четири месеци.

Неколку месеци откако судот во Стразбур пресуди дека Македонија ја прекршила Европската конвенција за човекови права и наложи да му се исплататат на Ел-Масри 60.000 евра, пред судот се најде уште еден случај. Абд ал-Рахим ал-Нашири и Аби Забајдах ги тужеа Полска, Романија и Литванија за тортура и за терор откако биле приведени од ЦИА под сомневање дека се вмешани во самоубиствениот напад од 2000 година на американскиот ракетен уништувач „УСС Кол“ во Јемен.

Американскиот адвокат Дејвид Б. Ривкин, партнер во правната фирма „Бекер Хостетлер“, вели дека САД им дала имунитет на лицата кои ги вршеле истрагите за ЦИА, но дека вистинската закана доаѓа од другата страна на океанот, каде се можни тужби за кршење на човековите права.

– Во многу земји од Европа можат да осудат луѓе за прекршоци кои не се извршени на нивна територија. Шпанија, Белгија и Италија, а во помала мера и Велика Британија и Франција, имаат историја на такви активности – вели Ривкин за „Блумберг“.

Според Ривкин, извештајот предизвика вниманието да се сврти кон луѓето што биле инволвирани, но истовремено е „покана за странските влади и обвинителства да сторат нешто“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нов апарат за магнетна резонанца во болницата „Св. Еразмо“

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, доби нов апарат за магнетна резонанца вреден 1,2 милиони евра, а е набавен со поддршка од Европската Унија, изјави...