fbpx

Словенија го ратификуваше протоколот за влез на Македонија во НАТО

-

Државниот Збор на Република Словенија денеска на вонредна седница го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Со тоа, Словенија стана втората земја-членка на Алијансата, која по Грција, го ратификува Пристапниот протокол во НАТО.

На седницата пред гласањето се обрати претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, кој се заблагодари во име на Собранието и граѓаните на Македонија и нагласи дека со овој чин се потврди пријателскиот и принципиелен однос кон граѓаните на нашата земја.

Според Џафери, потпишувањето на Преспанскиот договор и неговото усвојување на националните парламенти е т.н. вин-вин, сите сме победници и губитници. Изрази надеж дека до крајот на оваа година Протоколот ќе биде усвоен од Парламентите на сите 29 земји-членки на НАТО. Џафери очекува оваа година да добиеме и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ

Според најавите од Албанија, в четврток пристапниот Протокол треба да биде ратификуван и од албанскиот Парламент. Албанските медиуми јавија дека Протоколот за членство на Македонија во НАТО веќе добил зелено светло од законодавно- правната комисија и оти во четврток е закажана седница на Парламентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...