Словенечкиот фотограф Марко Корошец, кој е специјалист за метеоролошки фаномени, направил фантастични фотографии по силното невреме што ја зафати Словенија.
По 10 дена силна бура, проследена со снег и со ниска температура, Корошец одлучил да се искачи на планината Јаворник за со својот апарат да го фати моментот. Кога се искачил на врвот, познатиот скијачки центар бил прекриен со мразулци, кои достигнувале должина и до еден метар.
– Ги сакам екстремните временски услови и досега имам видено многу интересни сцени, но ова ги надмина сите мои очекувања – вели Корошец.