Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја прими донацијата од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи што се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра.

„Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници, кои во рамки на своите работни обврски и задачи, деноноќно се изложени на ризикот од зараза со корона вирусот,“ изјави Чулев.