Словачка со акција за здрава храна во училиштата
Словачка со акција за здрава храна во училиштата

Како дел од мерките за борба против дебелината кај децата, словачкиот Парламент изгласа забрана за продажба на слатки, засладени пијалоци и други нездрави производи во училиштата.

Чешкото Министерство за образование најави дека од идната година со наредба ќе забрани продажба на нездрави пијалоци и храна во училиштата.

Мерките доаѓаат по постојаните предупредувања на чешките експерти, за широката понуда на слатки во мензите и од автоматите во училиштата.

Според најновите истражувања, во Словачка секое седмо дете од 11-15 години има прекумерна тежина, а кај возрасното население дебелината е уште повеќе присутна.

Според предлагачката на амандманот за измени, Рената Змајковичова, од владејачката Социјалдемократска партија, целта е да се стопира досегашниот тренд на дебелеење кај школските деца и кај младите.

За прекршување на забраната, предвидена е парична казна од 50 до 500 евра.