Медиумите во Македонија со сензационализам известија за земјотресот во Албанија. Најочигледен случај беше оној со фотката со кучето, што се покажа како лажна. BASHKE.TV:Фотографија која ги расплака сите, кучето не се тргнува од телото на сопственикот кој се наоѓа под урнатините“.

Најсензационалистичко беше известувањето на порталот на политичката партија  Демократската унија за интеграција, кој фотката со кучето ја опиша какотрогателна слика“.

Трогателна слика денес кружи на социјалните мрежи. Во трагедијата што се случи рано изутринава во Албанија, некој доловил тажна слика. Едно куче стоеше пред раката на сопственикот, кој се наоѓаше под урнатините на објектот што беше срушен од земјотресот“, се вели во веста. 

Фотографијата со сличен опис ја објави и порталотИН7“ исто така од Македонија.

Трогателна слика денес кружи на социјалните мрежи. Во трагедијата што се случи во раните утрински часови, некој доловил тажна слика. Едно куче стоеше пред раката на сопственикот, кој се наоѓаше под урнатините на објектот што беше срушен од земјотресот “, се наведува во написот на ИН7.

Ова е во спротивност на основните принципи на новинарството, во кои се вели дека пред да се објави информацијата во јавност, вестите мора да бидат проверени. Исто така, се вели дека известувањето за природни непогоди мора да биде ослободено од сензационализам.

Начинот на информирање во случаи на сообраќајки, природни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски парници треба да биде ослободен од сензационализам. Во судските процеси мора да се почитува принципот на невиност, да се известува за сите страни вклучени во спорот и да не се предлага одлука“, се вели во осмиот принцип на Кодексот на етика на новинарите.

Потврдувањето на изворот на информации важи и за фотографии и видеа. Меѓутоа, доколку медиумите одлучат да објават стари фотографии, мора да наведат дека е од архивата или дека служи само за да се илустрира ситуацијата.

Значи, пребарувајќи воGoogleImages, потврдено е дека фотографијата со кучето што ги преплави социјалните мрежи и медиумите, е стара фотографија и не се совпаѓа со земјотресот во Албанија.

Дека сликата е стара и не соодветствува со моменталната состојба во Албанија, објави и „Лајми.нет кој со докази покажа дека таа слика била ставена во нивниот систем на почетокот од годинава