Славчо Темелковски е новиот претседател на Универзитетското собрание при УКИМ

Фото: УСС УКИМ

Славчо Темелковски е новиот претседател на Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ).

Од Универзитетското собрание вчера информираа дека делегатите преку фер и демократски избори го избрале новиот претседател и со тоа почнува со работа третиот мандатен состав на собранието.

Претходен претседател на УСС беше Ева Цветковска чиј мандат истече уште пред неколку месеци. Цветковска од април годинава кога заврши нејзиниот мандат до вчерашното избирање на новиот претседател беше на функцијата вршител на должност.