На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо, е на уметничкиот активист Никола Писарев, реализирана во соработка со скулпторот Андреј Миновски.
Во центарот е човечко лице со широко отворена уста, од кое излегуваат остри стрели, изработени од рециклирани метални материјали.
„Говорот на омраза е едно чудовиште што повредува луѓе. Водени од таа идеја, решивме да направиме стилизиран демон, затоа што говорот на омраза често се базира на демонизација“, вели Никола Писарев.
На подножјето на инсталацијата стои пораката: „Говорот на омраза повредува“, што всушност, според креаторите, е повик за саморефлексија и општествена одговорност.
„Во Македонија, темите како говорот на омраза се третираат најчесто во уметнички галерии, скриени од пошироката публика. Ние решивме музејот да го изнесеме на улица“, додава Писарев.
Според него, ова дело е директно, разбирливо и достапно за секого.
„Кога зборуваме за омраза, зборуваме и за дезинформации, маргинализација, страв. Затоа мора да биде видливо. Ако готичката уметност успеала да го сруши мрачниот среден век, тогаш и денес уметноста може да се справи со мракот на говорот на омраза“, заклучува Писарев.
Андреј Миневски, пак, вели дека стрелите од устата на скулптурата се всушност зборовите што повредуваат, а ѓаволските заби и рогови го претставуваат лошотилокот и злобата што ја има во човекот. Тој е `рѓав бидејки, како што објаснува, не заслужува да му се посвети внимание.
Инсталацијата е дел од проектот „Мрежа за разновидност 2.0 – Нова агенда“, што го реализира Центарот за современи уметности – Скопје, во соработка со Здружението за унапредување на новинарските практики „Иновативни медиуми – Скопје“.