fbpx

Скромната најава, грчка телевизија ја претвори во „контингент“ од 100 милиони вакцини против Ковид-19

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Грчкиот портал за борба против дезинформациите ellinikahoaxes.gr анализирирал тврдење на новинар на грчката телевизија „Вергина“ во ТВ прилог дека кинеска компанија веќе имала подготвено 100 милиони вакцини против Ковид-19. Видеоприлогот потоа интензивно се споделувал на Фејсбук од грчките корисници, и многумина поверувале дека тоа е вистина. Но, проверката на фактите што ја направил ellinikahoaxes.gr покажува дека вистината е поинаква, односно во моментот нема готови 100 милиони вакцини.

Кинеската компанија Sinovac Biotech никогаш и никаде не рекла дека има подготвени 100 милиони вакцини, туку оваа фармацевтска компанија во средината на април добила дозвола од кинеските власти да врши клинички испитувања на нова вакцина. Таа фаза на клинички испитувања може да потрае неколку месеци, а резултатите од нив не значи дека ќе бидат позитивни, пишува ellinikahoaxes.gr.

На 16 април станува јасно дека студијата за вакцината на оваа компанија не е оценета од независни експерти, но дека вакцината се покажала добро на испитување на осум макаки мајмуни. Сепак, експертите се скептични околу тоа и велат дека бројката на животни на кои е тестирана вакцината е премала за веродостојност.

Компанијата, исто така, првата фаза на клинички испитувања ја извела во почетокот на април со само 144 луѓе – доброволци, а втората фаза на клинички испитувања се очекува во средината на месецов, а резултатите од неа дури во јуни. Но компанијата вели дека ќе има и трета фаза клинички испитувања за да се утврди ефикасноста на вакцината.

Во врска со тврдењето за 100 милиони подготвени вакцини, Sinovac Biotech изминатава седмица рече дека е во можност да подготви, а не дека подготвила 100 милиони вакцини, напоменува ellinikahoaxes.gr. Тоа компанијата би го сторила ако вакцината успешно ги мине клиничките испитувања и вакцината добие дозвола, што би било можно кон крајот на годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...