fbpx

Скоро 74 проценти од месечните трошоци се за храна и за сметки

-

За храна, најсиромашните месечно трошат 74 евра, најбогатите 340 евра. Просечно, на едно семејство му се потребни 528 евра за да го истурка месецот – односно да ги подмири неопходните животни трошоци.

Во измнатиот период, иако инфлацијата се движи во очекувани рамки а според прогнизите таа ќе се засили во следните две години, што значи дека е можен бран на поскапувања, пишува неделната економска анализа на „Порталб.мк“.

Стапките на инфлација од околу два проценти според економистите не се загрижувачки, но во услови кога платите бавно се зголемуваат, секое поскапување влијае на животниот стандард.

Само за храна и за сметки, месечно на едно смејство му се потребни скоро 400 евра. Најновите податоци за месечните трошоци преку минималната синдикална кошница покажуваат дека во месец октомври, 73,5 проценти од месечните расходи завршуваат за да се подмират основните потреби – храна и сметки. Во споредба со лани, истиот месец, трошоците се зголемени можеби незначајно , за околу 190 денари, но сепак ова покажува дека тие се во пораст.

Според тоа колку пари се потребни да се задоволат основните животни потреби, преку дефинираната минимална синдикална кошница – податоците покажуваат дека за исхрана и пијалоци месечно треба да се одвојат 13 486 денари, за домување 10 407 денари, за хигиена 2 300 денари, за превоз 2 386 денари, за облека и обувки 2 168 денари, за култура 1 070 денари и за одржување на здравје 686 денари.

Просечно од вкупните употребени средства во рамките на едно домаќинство скоро 38 отсто завршуваат за исхрана, 11,4 отсто за сметки, станарина, вода, струја, гас, 5,4 отсто од употребените средства се за покуќнина и одржување на домот, 5,1 отсто за облека и обувки и исто толку за сообраќај.

Јавноста неволно ја дочека веста дека дел од производителите на леб ја зголемија цената за околу 20 отсто или од два до три денари. Овој потег го правдаат со зголемување на цените на брашното и на пченицата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стар говор на Трамп не е доказ дека Обама стои зад ИСИС и нападите во Москва

Трамп навистина рекол дека Обама е основач на ИСИС, но тоа има метафорично значење, мислејќи, пред сè, на политиката која ја водел Обама и постапките кои ги преземал. Иако...