Скопската Зоолошка градина од денеска е повторно отворена

Откако беше затворена на 21 ден поради утврден случај на птичји грип кај угината гуска, скопската Зоолошка градина од денеска повторно ги отвори вратите за посетителите

-

Зоолошката градина во Скопје од денеска е повторно отворена за посетители, откако пред три недели Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утврди случај на птичји грип кај угината гуска во градината, а установата беше затворена на 21 ден.

„Ве известуваме дека од оваа сабота (09.11.2024) Зоолошка градина на Град Скопје повторно ќе биде отворена за посетители со редовно работно време од 09:00-16:00 секој ден. Да уживаме заедно во убавите есенски и сончеви денови, ве очекуваме“, соопштија од ЗОО Скопје на Фејсбук пред два дена.

Претходно, Агенцијата за храна и ветеринарство утврди дека Зоолошката не постапила според законските процедури за пријавување на зараза, по што на терен беа убиени повеќе од триесет птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка што била присутна на локацијата.

Од ЗОО Скопје обвинија за незаконски упад и масакр врз птиците, тврдејќи дека станува збор за незаконска акција без соодветни докази.

По овој случај, Зоолошката градина беше затворена на 21 ден.

Птичјиот грип, познат како авијарна инфлуенца (АИ), е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија, во производството на птици (кокошки, мисирки, потполошки, бисерки, итн) и ограничувања во увозот и извозот живи птици и производи од живина. Болеста е зооноза (болест која првенствено влијае на животните – птиците, но предизвикува болест и кај луѓето). Од вирусите на авијарна инфлуенца во ретки случаи можно е да се заразат и луѓето. Пренос на луѓето се случува кога постои близок контакт со заразени птици или во високо контаминирана средина.

Последните случаи на појава на високопатогена авијарна инфлуенца беа во 2022 година, во населените места Градец, Лески и Виница, место Селце во општина Штип и во близина на Злокуќани, општина Карпош.

Aко видите угината патка или гуска, пријавете во Агенција за храна и ветеринарство

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...