fbpx

Скопската полиција со засилени сообраќајни контроли

-

Повеќе од 470 возачи биле санкционирани поради сообраќајни прекршоци за време на зајакнатите контроли што во деновите од викендот ги спровеле екипи на Секторот за внатрешни работи Скопје, на подрачјето на градот, соопшти МВР.

Како што информираат оттаму, при контролите, 99 возачи биле фатени под дејство на алкохол, 48 управувале возило без положен возачки испит, а 53 лица седнале зад волан со измината важност на сообраќајната дозвола.

Другите прекршоци за кои биле изречени санкции, според полицијата, се однесуваат на поминување на црвено светло, управување возило со поголема брзина од дозволената, некористење сигурносен појас, зборување на мобилен телефон, недавање првенство на минување на пешаци, непрописно престигнување…

Со возило-пајак биле подигнати вкупно 64 возила, за време на акцијата викендов.

„СВР Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се намалат сообраќајните незгоди и да се подобри безбедноста во сообраќајот“, апелираат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...