Скопје втор најзагаден град во светот, Струмица повторно го надмина прагот на алармирање

Најзагаден дел од Скопје и денеска е Лисиче, со вредности на ПМ 10 од 188 микрограми

-

Скопје и денеска е меѓу најзагадените градови во светот. Воздухот е преполн во ПМ 2.5 честички, чија концентрација е 95 микрограми на кубен метар, четирипати над максимално дозволените граници, или речиси дваесетпати повисоки од препораките на Светската здравствена организација. Во Скопје, денеска воздухот е полн и со ПМ 10, од 134 микрограми, што е речиси трипати над максимумот. Овие вредности утрово го сместија главниот град на второто место во светот и прво во Европа на листата на IQ Air, со индекс на квалитет на воздухот од 179, оценет како нездрав за дишење.

Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем на Министерството за животна средина, неквалитетен воздух и надминувања на максималните вредности на загадувачките супстванци има во сите делови од главниот град. Најзагаден дел од Скопје и денеска е Лисиче, со вредности на ПМ 10 од 188 микрограми, Центар со 153, Ректорат со 141, Гази Баба со 136, Карпош со 105, Ѓорче Петров со 94 и Миладиновци со 87 миктограми на кубен метар. Што се однесува до вредностите на ПМ 2.5, мониторинг станиците највисоки вредности покажуваат во Лисиче 92, Миладиновци 86, Центар 73,  Карпош 66 и Гази Баба 62 микрограми на кубен метар.

Отровниот воздух не ги одминува ниту другите поголеми градови низ земјата. Во Струмица, веќе втор пат во текот на зимата е прогласено надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, кој изнесува 150 mg /m3 во текот на два последователни денови. Во изминатите две дена во овој град среднодневните концентрации на ПМ 10 биле 175 и 191 микрограми.

Препораките на докторите за овој период на екстремна загаденост се сведуваат на избегнување на активности на отворен простор, задолжително носење маска, затворање на прозорците и користење на уреди за прочистување на воздухот. Како што информираат од Министерството, во случаите на надминување на прагот на алармирање, на сила стапуваат повеќе мерки меѓу кои и вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А и Б-интегрирани дозволи, вонредните контроли на техничката исправност на возилата и градилиштата, забрана на горење на отворено, ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар и реорганизација на работното време на отворено од 11 до 17 часот, како и препорака да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...