Скопје утрово е најзагаден град во Европа според „IQAir“

Покрај тоа што е град со најзагаден воздух во Европа, Скопје во моментов е на петто место по загаденост во светот

-

Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат моменталните податоци на платформата „IQ Air“.

Со Индекс на квалитет на воздухот од 172, воздухот во македонскиот главен град е оценет како нездрав. Бројот на ПМ 2,5 честички изнесува 85 микрограми на метар кубен.

Покрај тоа што е град со најзагаден воздух во Европа, Скопје во моментов е на петто место по загаденост во светот.

фото: Принтскрин од www.iqair.com (20 декември 2024 во 10:25ч)

На врвот на листата како најзагаден град во светот е Делхи (Индија), по што следуваат Лахор (Пакистан), Багдад (Ирак) и Акра (Гана).

Со речиси ист квалитет на воздухот, зад Скопје се Мумбаи (Индија) и Вухан (Кина).

Минатиот вторник во Скопје се одржа протест против аерозагадувањето. Од Иницијативата „Зелен хуман град“ побараа итно системско справување со загадениот воздух, преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните.

 

Отровен воздух во сите делови на земјава, Скопје повторно меѓу шампионите во светот

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна најава досега...

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Епицентарот на земјотресот во Турција е соопштено дека е на длабочина од 12 километри,...

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Сѐ почнува со кратко видео: млада девојка во Дубаи, со лаптоп во скут и плажа во позадина, вели дека работи за себе, нема шеф и живее од тргување на берза. „И...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...