Трговскиот центар „Скопје сити мол“, во деновите пред Нова година, дневно го посетувале 30.000 посетители, информираат оттаму.
Низ продавниците и ходниците се забележува метеж, а долго се чека и за влез на паркиралиштето на трговскиот.
Како причини за зголемената посетеност се попустите, традиционалното купување новогодишни подароци, но и настаните за анимација на најмладите.