Македонскиот главен град, Скопје, е во петте најевтини за живот престолнини во светот за иселеници, односно лица кои привремено или трајно престојуваат во друга земја од онаа чии државјани се, покажала анализата на консултантската фирма „Мерсер“, пренесува „Би-Би-Си“.

Поевтинини градови од Скопје, на листата, се Бишкек, во Казахстан, кој е на првото место, потоа Виндхоек (Намибиа), Карачи (Пакистан) и Тунис (Тунис), а малку поскапо е во Банџул (Гамбиа), Минск (Белорусија), Кејптаун (Јужна Африка), Манагва (Никарагва) и Тблиси (Грузија).

Истражувањето, меѓу другото, предвид како критериуми ги зема, ги анализира и ги споредува цената на недвижностите, трошоците за живот, услугите, транспортот и безбедноста.

Најскап град во светот за иселеници, трета година по ред, според „Мерсер“, е престолнината на Ангола, Луанда, токму поради високата цена на киријата, увезените стоки и безбедноста во оваа богата со нафта држава.

На второто место на најскапи градови е Хонг Конг, а по него следуваат Цирих (Швајцарија), Сингапур (Сингапур), Женева (Швајцарија), Шангај (Кина), Пекинг (Кина), Сеул (Јужна Кореја), Берн (Швајцарија) Н’Џамена (Чад).