„Скопје мора да дише“ – утре нов протест за чист воздух

„Протестираме повторно откако надлежните институции не најдоа за сходно да одговори на барањата на граѓаните за чист воздух изразени на протестот што се одржа на 10 декември“, велат организаторите на протестот

-

Утре, сабота во Скопје ќе се одржи нов протест на кој ќе бидат упатени барања за справување со аерозагадувањето. Протестниот марш ќе започне во 12:30 часот од Министерството за животна средина и просторно планирање, од каде присутните ќе продолжат преку Собранието, Владата и ќе завршат пред зградата на Град Скопје.

„Протестираме повторно откако надлежните институции не најдоа за сходно да одговори на барањата на граѓаните за чист воздух изразени на протестот што се одржа на 10 декември“, велат организаторите на протестот.

Зад протестниот марш стојат неколку граѓански организации и иницијативи: Зелен Хуман Град, Шанса за Центар, Skopje Smog Alarm, Независни за Карпош, О2 Иницијатива, Зелените од Гази Баба, Иницијатива за ослободување од еднократна палстика, НаТочак, Go Green – Биди Зелен и Слобода на Говорот.

„Протестираме бидејќи секоја година повеќе од 3800 луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух“, велат организаторите на маршот.

На протестот ќе се побара од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на ефикасни мерки што ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето.

Претходно, протест против инертноста на властите во борбата против загадувањето со воздухот се одржа на 10 декември. Присутните и тогаш побараа поголема ажурност и внимание за проблемот со аерозагадувањето кое секоја година во Македонија е причина за околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2,5, што е 17,7 отсто од вкупната смртност во државата.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...