Скопје и денес е најзагадениот град во Европа според „IQ Air“

Со Индекс на квалитет на воздухот од 169, воздухот во македонскиот главен град е оценет како нездрав

-

Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа, покажуваат моменталните податоци на платформата „IQ Air“.

Со Индекс на квалитет на воздухот од 169, воздухот во македонскиот главен град е оценет како нездрав. Бројот на ПМ 2,5 честички изнесува 80,5 микрограми на метар кубен.

Покрај тоа што е најзагаден град во Европа, Скопје утрово е и на седмото место по загаденост во светот.

Пред него се градовите Лахор (Пакистан), Делхи (Индија), Ханои (Виетнам), Катманду (Непал), Чонгкинг (Кина) и Дака (Бангладеш).

фото: Принтскрин од www.iqair.com (6 јануари 2025 во 10:08ч)

Следен европски град со најголемо аерозагадување денеска е Приштина (Косово) каде квалитетот на воздухот, исто така, е оценет како нездрав, со индекс на загадување од 158. Приштина се наоѓа на 13-тото место по загаденост во светот.

И оваа зимска сезона Скопје често доминира меѓу најзагадените градови во Европа и светот, според „IQ Air“.

Во декември во главниот град се одржаа два протеста против аерозагадувањето. Граѓаните побараа итно системско справување со загадениот воздух, преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...