fbpx

Скопје ги укина вонредните мерки за заштита од загадувањето на воздухот

-

Градот Скопје ги извести граѓаните дека поради намалените вредности на загадувањето на воздухот се укинуваат вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени вчера.

Градоначалникот Петре Шилегов потврди дека од утре ќе се укине бесплатниот автобуски превоз кој ќе се наплаќа според постојната тарифа.

– Мерката ќе важи денеска, а од утре се враќаме во редовниот режим на функционирање имајќи предвид дека се изменети климатските услови кои доведоа во воведување на вонредните мерки. Станува збор за мерки за кои имаме прецизно утврдени нормативи кога ќе се применуваат и секогаш кога ќе бидат исполнети условите, овие мерки ќе се применуваат – рече Шилегов.

Градоначалникот рече дека граѓаните не ја искористиле вонредната мерка за бесплатен јавен превоз, но, како што посочи, има разбирање за тоа, бидејќи концептот за јавен градски превоз е сосема погрешен.

Од Град Скопје потенцираат дека мерките и препораки ќе се воведат повторно доколку се повтори загадувањето на воздухот, а за тоа граѓаните ќе бидат навреме информирани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...