fbpx

Скопје догодина ќе биде домаќин на најголемата НАТО конференција за односи со јавност и борба со дезинформации

-

Околу 500 експерти за комуникации од сите земји-членки на НАТО ќе учествуваат на најголемата досега сојузничка конференција за односи со јавност што следната година треба да се одржи во Скопје, најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска.

– Тука ќе се градат плановите за комуникацијата на НАТО со јавноста, за борбата со лажните вести и напади, нагласи Шекеринска.

Доколку тоа го дозволи пандемијата, додаде министерката, Скопје ќе им биде домаќин на експертите на НАТО.

– Ќе имаат можност да го видат и нашиот Регионален центар за односи со јавноста, кој сакаме, во соработка со Центарот во Рига (Центар за извонредност во стратегиски комуникации – Стратком) да прерасне во Регионален центар за борба против дезинформации и лажни вести за јужното крило на НАТО, рече Шекеринска.

Зборувајќи за плановите во министерството за одбрана во новиот мандат, Шекеринска нагласи дека плановите за модернизација на војската предвидуваат набавка на 151 лесно оклопно возило во следните 4 до 6 години, а со договор влада-со-влада со САД, склучен минатата година, веќе е договорена набавката на 33 лесни оклопни возила, кои треба да бидат испорачани во текот на следната година.

Министерството за одбрана ќе формира Центар за поддршка на домашните компании при настап на НАТО тендери.

– Целта ќе ни биде во првата година да обезбедиме целосна комуникација меѓу нашите компании, комори и релевантните НАТО агенции. Годишниот износ на овој пазар е околу 4 милијарди долари и навистина ќе биде голем успех ако нашите компании добијат пристап до тој пазар, рече министерката.

Шекеринска информираше и за претстојната воена вежба „Одлучен удар 21“, во која во мај и јуни следната година во Македонија ќе учествуваат околу 2.000 војници на македонската, американската, бугарската и грчката армија.

Меѓу плановите за следниот четиригодишен период е и модернизирање на армискиот полигон Криволак и продолжување со реконструкција на воените објекти, кои до 2024 година треба да престанат да се греат со мазут и масло.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...