Скопјанка злоупотребила лични податоци – со туѓа лична карта сакала да подигне кредит

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нов откриен случај на злоупотреба на личните податоци, во кој за среќа, навреме се реагирало и е спречена намерата.

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје поднела кривична пријава против скопјанката И.И. (54) за сторени дела „измама при добивање на кредит или друга погодност” по член 249 и „злоупотреба на лични податоци” по член 149 од Кривичниот законик.

На 4 минатиот месец, скопјанката во финансиско друштва во Скопје поднела документи за добивање кредит и притоа употребила лична карта на друго лице и го потпишала барањето за кредит како лицето чија била личната карта.

Нејзината намера не се реализирала, бидејќки вработеното лице во финансиското друштво се посомневала во идентификацијата на пријавената и повикала полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал, коишто го расчистиле настанот.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...