fbpx

Скопјанка уапсена за лажна телефонска дојава за бомби во училишта

-

Полицијата привела 55-годишна жена од Скопје, осомничена дека завчера од мобилен телефон се јавила во Управата за финансиско разузнавање во Скопје и лажно пријавила дека се поставени експлозивни направи во училишта во Скопје.

„Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна, а А.К. (лице со здравствени проблеми) е пронајдена и приведена“ соопштија од МВР.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Овој инцидент се разликува од предходните лажни дојави за бомби кои престанаа со завршувањето на првото полугодие од училишната година. Карактеристично за тие лажни дојави е што беа испраќани на електронските адреси на училиштата.

Со лажни бомби против образованието: Честите прекини на наставата создаваат оштетени генерации

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...