Шеесет и деветгодишен скопјанец вчера околу 12.45 часот пријавил дека ја нашол својата сопруга 46-годишната П.Ш. почината, со убодна рана од нож во градниот кош, во нивниот дом, на улицата „Саса“, информираат од МВР.
Според МВР, сопругот Д.Ш. во разговор со полициските службеници изјавил дека истиот ден, околу 11.40 часот, кога се вратил од пазар ја пронашол жената во ходникот, легната на стомак. Тој првин помислил дека и се слошило, но кога ја завртел на грб, да и помогне, забележал дека на левата страна на градите има нож и убодна рана. Сопругот веднаш повикал Итна помош, чија екипа констатирал смрт.
Надлежен јавен обвинител и екипа на СВР Скопје извршиле увид на местото, а во 16.40 часот телото на починатата било предадено на Институтот за судска медицина за одбукција.