fbpx

Скопјани ограбени додека спиеле

-

СВР-Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против В.П. (44) од Ниш, Република Србија, поради основан сомнеж дека извршил две кривични дела – тешка кражба на особено дрзок начин и обид за тешка кражба. Судија на претходна постапка на осомничениот му одредел мерка притвор во траење од осум дена.
Кривичните дела пријавениот, заедно со уште едно засега непознато лице, ги извршил на 31 декември 2015 година, во раните утрински часови на улица Париска, на подрачје на Карпош.

Имено, првото кривично дело, тешка кражба на особено дрзок начин, пријавениот и непознатото лице го извршиле на тој начин што откако дошле до влезната врата од станот, со употреба на погоден алат ја отклучиле и влегле во претсобјето. На шкафчето во претсобјето пронашле една женска чанта, која ја зеле со себе, а потоа ја отвориле вратата од спалната соба, каде спиеле оштетените, влегле во собата и од едното столче зеле една машка јакна и незабележани од оштетените, кои цврсто спиеле, излегле од станот. На одморалиштето ги пребарале џебовите од јакната во кои не нашле ништо, а по пребарување на чанта, во еден паричник пронашле и одзеле 1.100 денари. Потоа повторно го вратиле паричникот во чантата и заедно со јакната ги вратиле во претсобјето на станот, по што го напуштиле местото.

Веднаш по извршувањето на првото кривично дело, В.П. и непознатото лице дошле до влезната врата од соседниот стан и со употреба на погоден алат се обиделе да дејствуваат на бравата, но бидејќи на самата брава имало од внатрешноста клуч од сопственикот, пријавените по неколку неуспешни обиди за да ја отворат заклучената влезна врата, се откажале од намерата и го напуштиле местото.

Сторителите биле забележани од оштетениот, кој веднаш ја известил полицијата за настанот, по што на улицата Бледски договор униформиран полициски службеник го фатил и го привел пријавениот В.П. Во полициската станица Карпош извршен е разговор со пријавениот, кој го признал и го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...