Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен дека за помалку од 20 дена, извршил четири тешки кражби на велосипеди, електрични тротинети и мопед во центарот на Скопје. За него е побаран и притвор.

Од Обвинителството информираат дека крадецот се стекнал со имотна корист од околу 170.000 денари од велосипедите и тротинетите, за кои при кражбите користел сила за да ги скрши сигурносните сајли со кои биле обезбедени,

Мопедот, кој бил вреден 60.000 денари го украл со намера да го вози.