34-годишен скопјанец бил лишен од слобода откако, управувајќи автомобил под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода на улицата „Пролет“ во Скопје.
Настанот се случил вчера околу 15:10 часот, кога автомобил „матиз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.А.Л. (34), се судрил со автомобил „хонда“, кој го управувал 20-годишниот Д.П. од Скопје. Во незгодата била причинета материјална штета.
Полициските службеници утврдиле дека возачот на „матизот“ бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 3,29 промили алкохол во крвта. Тој бил лишен од слобода во 17:00 часот, за случајот бил известен јавен обвинител, а возилото му било одземено.
