Скопјанец физички ја нападнал својата ќерка, удирајќи ја со тврд предмет

Приведениот упатувал закани кон неговите сопруга и ќерка, а потоа и физички ја нападнал својата 19-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет

-

Приведен е 43-годишен жител на скопско село, поради тоа што им се заканувал на сопругата и на ќерката, по што својата ќерка ја нападнал и физички, извести Министерството за внатрешни работи (МВР).

М.П. бил приведен вчеравечер, откако претходниот ден околу 22:30 часот во семејниот дом упатил закани кон неговите сопруга и ќерка, а потоа и физички ја нападнал својата 19-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет.

Од полицијата велат дека за настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Светските лидери му ја честитаа победата на Доналд Трамп

Светските лидери му ја честитаа победата на идниот претседател Доналд Трамп по победата на претседателските избори во САД, кој наскоро ќе се врати во Белата куќа по четири години. Претседателот...