Скопје како од пост-апокалиптичните филмови ќе привлекува гејмери од светот среде пандемијата

Пост-апокалиптично Скопје е сценографијата на нова игра што ја изработува македонско студио за развој на игри.

Играта е наменета за светскиот пазар, а развивачите – студиото „Dark-1“ се надеваат дека ситуацијата со пандемијата со новиот корона вирус ќе биде доволен мотив за гејмери од светот да се заинтересираат за Скопје.

Тимот на Dark-1 досега пласираше една игра за светскиот пазар, „Odium to the Core“.

]