Скокнаа цените на основните прехранбени продукти

-

Од денеска престанаа да важат владините антикризни мерки, кои на 13 февруари годинава стапија на сила, а со тоа „скокнаа“ и цените на основните прехранбени производи, објави Радио МОФ. Граѓаните од денеска во маркетите ги купуваат по повисоки цени маслото за јадење, лебот, јајцата, тестенините и другите основни прехрабнени продукти.

Една од анти-кризните мерки беше намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за исхрана од 5 отсто на 0 отсто, односно на брашното топ 400, лебот, шеќерот, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, оризот, свежото месо, и јајцата. Од денеска ДДВ-то за нив е повторно 5 отсто.

Престанува да важи од денеска и и мерката за замрзнување на маржите на основните производи за исхрана. Со одлуката, највисока трговска маржа изнесуваше до 5 отсто на продажната цена пресметана со трговијата на мало, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало.

Според утврденото од Радио МОФ во еден поголем маркет, од вчера до денеска сончогледовото масло за јадење е поскапо за 20 денари, пакување од 10 јајца од класата Л е поскапо за 8 денари, лебот поскапел за 5 денари, брашното за 7 денари.

Инаку, по вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, со која цените на горивата беа покачени за околу 9 денари по литар, поради укинувањето на владините мерки за намалување на акцизите и ДДВ за горивата, на денешната седница, повторно Регулаторната комисија ги покачи цените на горивата. Така, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 107 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 109 денари за литар, дизел горивото 97,5, масло за горење ќе чини 95,5 денари за литар, а цената за литар мазут ќе изнесува 54 денари.

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за упис на меѓународни студенти

Универзитетот Харвард ја тужи администрацијата на Трамп помалку од 24 часа откако Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека ќе ги спречи меѓународните студенти да студираат на најстариот универзитет во земјата и...

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи може да...

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, најстарата високообразовна институција во земјава, денес со доделување награди на најуспешните студенти го одбележа патрониот празник - Денот на Светите Кирил и Методиј. На свеченоста се...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член...

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за упис на меѓународни студенти

Универзитетот Харвард ја тужи администрацијата на Трамп помалку од 24 часа откако Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека ќе ги спречи меѓународните студенти да студираат на најстариот универзитет во...