fbpx

СКМ: За исплата на минималецот, работникот да не мора да остане на работа до септември

-

Стопанската комора на Македонија, СКМ, апелира до Владата да овозможи одредена флексибилност, отстапување од обврската компаниите да мора да го задржат истиот број на вработени до септември годинава, додека се користи некоја од погодностите со економските мерки. Според СКМ, може да биде тешко да се исполни условот за задржување на сите вработени до тогаш, како што бара државата од фирмите, за да им субвенционира минимална плата. Бизнисмените посочуваат дека може да има ситуации вработените и сами да си одат, па затоа СКМ бара поголема флексибилност на оваа мерка од Владата.

Како што изјави во денешното видое обраќање, Зоран Јовановски, советникот на Управниот одбор во Комората за економски прашања, Стопанската комора добива непосредни информации од компаниите кои аплицираат за некоја од мерки и нивните предлози и барања ги доставува до Владата. „Една таква иницијатива е поврзана со мерката за финансиска поддршка на компаниите за исплата на минимална плата. Секоја компанија што сака да користи финансиска поддршка од Владата, за исплата на минимална плата треба да го задржи истиот број на вработени што го имала во месецот за кој побарала поддршка“, рече Јовановски.

Сепак, од СКМ прашуваат, што ако во предвидениот период, некој самоволно си замине од компанијата, што ако некој направи сериозна повреда на работните обврски, што ако компанијата има вработени на пробна работа на кои договорот им истекува во јуни, а не сака да им го продолжи договорот поради несоодветно извршување на работните задачи, што ако компанијата имала работници што се времено ангажирани кога аплицирала за помошт. Затоа, според Јовановски, Комората бара поголема флексибилност на Владата и отстапување за обврската компаниите да мора да го задржат бројот на вработени ист до септември, додека се користат погодности со мерките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...