Унгарската телекомуникациска фирма „4iG“ соопшти дека потпишала необврзувачки Меморандум за разбирање со владата на Република Северна Македонија.
Владата го потврди договорот во соопштение. Меморандумот беше потпишан од заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и претседателот на „4iG“ Групацијата Гелерт Жазаи.
Во соопштението на Владата стои дека целта на Меморандумот е „да се забрза дигиталната трансформација во Македонија во делот на економијата и инфраструктурата“.
Во меморандумот се идентификувани стратешките области за идниот развој на телекомуникациските услуги и инфраструктурата во државата.
Конкретно, според соопштението, целите на меморандумот вклучуваат воведувањето на најсовремени мобилни и широкопојасни технологии и инвестиции во технологии засновани на 5G.
Инаку, „4iG“ е сопственик на операторот „ONE Црна Гора и ОНЕ Албанија“, опслужувајќи речиси 2,2 милиони корисници во овие две земји.
Како што објави порталот 360 степени, „4iG“ е во стратешко партнерство со кинеската компанија Huawei и нејасно е како ќе воспостави мрежа во Макеоднија кога македонските закони предвидуваат набавките на 5Г мрежа да се прават исклучиво од доверливи добавувачи, меѓу кои не спаѓаат кинеските компании.
Од Амбасадата на САД во Скопје во изјава за „360 степени“ кон почетокот на август посочија дека веруваат оти „владата ќе продолжи да го штити интегритетот на мрежата, да избегнува недоверливи добавувачи на хардвер и софтвер и да обезбедува сигурен и етички 5Г-екосистем во Северна Македонија“.
Иаку, во минатото унгарскиот капитал беше присутен во македонскиот телекомуникациски пазар. Имено, на 4iG туку унгарскиот оператор Маџар Телеком, како подружница на Дојче Телеком беше мнозински сопственик на Македонски Телекомуникации.