fbpx

СЈО поднело жалба на одлуката на судот да не ги суспендира „алфите“ од случајот „Тортура“

-

Специјалното јавно обвинителство поднело жалба на одлуката на судијата на претходна постапка со која тој го одби барањето на СЈО и не им одреди мерки на претпазливост на командантот на полициската единица „Алфа“, Ивица Антевски – Пуки, и петтемина негови колеги, осомничени во случајот „Тортура“, информираат за „Мета“ од СЈО.

„Ве известуваме дека одлуките на судот се обжалени“, велат од оттаму на нашето прашање дали СЈО ќе ја обжали или веќе ја обжалило до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одлуката на судијата на претходна постапка во случајот „Тортура“.

Кривичниот совет, според Законот за кривична постапка (ЗКП), има рок од 48 часа да одлучи по жалбата на СЈО.

Антевски и неговите колеги беа на распит пред судија на претходна постапка во четвртокот минатата недела, а инфромацијата од исходот на сослушувањето Кривичниот суд ја објави следниот ден, речиси 24 часа по распитот.

Инаку, СЈО од судот бараше на шесттемина „алфи“ кои го апсеа поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обидентите за Македонија, Љубе Бошкоски, во 2011 година, да им бидат одреден мерки на претпазливост, односно забрана за вршење на сите полициски овластувања кои осомничениот ги има како полициски службеник и конкретни забрани за вршење работи и работни задачи и овластувања кои ги има согласно актите за систематизација.

Сепак, судијата на претходна постапка, како што информираа од Кривичниот суд, ваквото барање на СЈО го оценил како неосновано и го отфрлил предлогот за одредување мерки на претпазливост.

Антевски и неговите колеги се товарат за нечовечко постапување при апсењето на Бошкоски. Првоосомничен во овој случај, кој го отвори СЈО, е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, но за него СЈО не побара ниту притвор, ниту мерки за претпазливост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...