СЈО отвори истраги за Сончев град и за тендери на Министерството за култура

-

Специјалното јавно обвинителство денеска отвори две нови истраги, „Топлик“ и „Тендери“.

Истрагата „Топлик“ се однесува на изградбата на населбата Сончев град, за која поради недостатоци настанати при склучување на договорот за нејзина изградба, буџетот бил оштетен за околу еден милион евра.

За овoј случај, според СЈО, постои основан сомнеж дека раководно лице во Министерството за транспорт и врски и членови на Комисијата за јавно наддавање од истото министерство ја злоупотребиле својата службена положба.

– Првоосомничен во овој случај е раководно лице од Министерството за транспорт и врски, кое заедно со пет членови на Комисијата за јавно надавање му нанеле штета на буџетот за 1.044.000 евра. Постои основано сомневање дека иако првичната комисија која била во министерството дала мислење дека постојат недостатоци за склучување договор за продажба на државното земјиште Сончев град, сепак била формирана втора комисија. Истата распишала оглас за јавно наддавање за оттуѓување на државното земјиште во дневните весници, по што бил склучен договор со компанијата „Сан сити“. Откако оваа компанија увидела дека не постојат услови за изградба на Сончев град, „Сан сити“ го раскинала договорот со Министерството и побарала да се исплати камата во износ од околу еден милион евра, со што директно е оштетен буџетот – информираше обвинителката Фатиме Фетаи.

Втората истрага, „Тендери“, се однесува на склучување договор меѓу Министерството за култура и фирмата „Бетон“ од Штип за извршување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музејот на внатрешната македонската револуционерна организација и Музејот на жртвите од комунистичкиот режим.

Градежните работи врз овој објект биле извршени без да се спроведе јавна набавка, односно сведокот, тогаш директор во „Бетон Штип“, усно бил известен од раководно службено лице од Министерството за култура, кое членувало во Комисијата за јавни набавки, дека може да се продолжи со изведба на градежните работи и да не се чекаат 20 дена за да се спроведе јавна набавка.

– „Бетон Штип“ без спроведена постапка, односно без јавна набавка, ги извршувал градежните работи и кога бил објавен огласот за јавна набавка, формално учествувал во постапката. Од Министерство за култура до „Бетон Штип“, заклучно со  31 декември 2013 година, биле исплатени 54.501.336 денари – истакна Фетаи.

Управувачкиот пакет акции во штипската градежна компанија „Бетон Штип“ го имаат три компании: Друштвото за градежништво „ТИМ“, штипската винарска визба „Езимит“ и „Орка Холдинг“.

Штипската винарска визба поседува 15,8 отсто од акциите, „Орка Холдинг“ 15 отсто, а најмногу односно 20,4 проценти купи друштвото за градежништво „ТИМ“ кое се повзрува со сопственикот на „Лозар Пелистерка“.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...