СЈО го сомничи Панчевски дека местел судски предмети и оддавал службени тајни

-

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со истражители од МВР денеска изврши претрес во канцеларијата на судијата Владимир Панчевски, против кого, како што изјави Јанева, СЈО води предистражна постапка поради злоупотреби на системот за распределба на судски предмети и за оддавање службена тајна.

Претресот на СЈО во Кривичниот суд почна околу пладне и траеше пет часа, а покрај канцеларијата на Панчевски, претреси биле извршени и во канцелариите на двајца информатичари вработени во судот.

– Денеска по судска наредба, СЈО изврши личен претрес кај лицето Владимир Панчевски и со друга наредба од судот ги одзеде сите податоци од компјутерскиот систем за распоредување предмети во Основниот суд Скопје 1 – изјави Јанева пред судот, додавајќи оти се надева дека СЈО наскоро ќе почне со истрага.

Јанева се сомнева дека Панчевски местел кои судии да ги добиваат предметите на СЈО, а покрај тоа, постојат и сомнежи дека тој оддавал службени тајни на лица надвор од судот.

Инаку, Панчевски е поранешен претседател на Кривичниот суд во Скопје, а четиригодишниот мандат на оваа функција му истече на почетокот на декември минатата година.

Во Кривичниот суд денеска беше и комисијата на Министерството за правда, која треба да утврди дали има злоупотреби со автоматизираниот систем за распределба на предмети.

Претседателот на комисијата, Лазар Нанев, изјави дека комисијата ќе продолжи со контролата во судот, но не откри дали се утврдени некакви неправилности со автоматизираниот систем за управување со судските предмети (АКМИС).

Индиции за злоупотреби на АКМИС беа нотирани и во извештајот на експертската група на Европската комисија, предводена од Рајнхард Прибе.

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како што објаснуваат...

Два случаја на мајмунски сипаници, не значи дека во најава е некаква пандемија

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на 22 мај информираше дека во земјава се потврдени првите два случаја на мајмунски сипаници. Двата пациенти суспектни на мајмунски сипаници, од Клиниката за кожни болести,...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе...