fbpx

СЈО зеде дел од податоците од УБК, за другите ќе се чека надворешен експерт

-

Специјалното јавно обвинителство од УБК ја одзело целата документација со наредби за посебни истражни мерки за следење на комуникациите, книгите за евиденција и дел од компјутерските податоци од системот за прислушување, соопшти попладнево СЈО.

Оттаму велат дека останува уште да се одземат компјутерските податоци за кои била потребна асистенција од надворешен експерт.

„Одземени се сите наредби за посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција, како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваме во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите“, стои во соопштението.

По 48 часа дежурање, тимовите на СЈО, според информациите, попладнево излегле од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) со дел од податоците што ги бараа со судски налози.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со тим обвинители и истражители во средата влезе во УБК со два судски налози за одземање на документацијата за ПИ-мерки и на компјутерските податоци од системот за прислушување.

Јанева изјави дека во УБК се за да утврдат кој прислушувал, дали УБК или странски служби, но наиде на опструкции и на отежната соработка со раководството на тајната полиција.

За време на случувањата, во УБК присуствуваа и доплнителниот заменик-министер, Оливер Андонов, и директорот на Бирото за јавна безбедност, кои ја обвинија Јанева за нарушување на националната безбедност и за предизвикување тензии во МВР. Андонов ја обвини специјалната обвинителка дека заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, имале намера да извршат пуч во МВР.

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, на вчерашната прес-конференција изјави дека СЈО во УБК се обидува да провери и да утврди дали системите за прислушување, кои се активни во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), и понатаму се злоупотребуваат, односно се користат за незаконско следење на комуникациите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...