Специјалното јавно обвинителство на денешната прес-конференција, закажана за 11 часот, ќе ја презентира новата истрага наречена „Таргет“.

– Денеска со почеток во 11 часот, прес-конференција за новата истрага со назив „Таргет” – пишува на профилот на „Фејсбук“ на Специјалното јавно обвинителство.

Последен пат Специјалното јавно обвинителство излезе во јавноста на 20 октомври, кога обвинителките Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска ги презентираа истражните постапки за случаите „Топлик“ и „Тендери“.