fbpx

СЈО денеска на пладне со прва прес-конференција по три месеци

-

Повеќе од три месеци по последната прес-конференција, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Специјалното јавно обвинителство (СЈО), денеска во 12 часот ќе одржи прес-конференција.

На прес-конференцијата на 19 декември минатата година, СЈО отвори седум нови истраги против 17 лица осомничени за злоупотреба на службената должност измами и други кривични дела. Станува збор за случаите „Странски служби“, „Друмарина“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Тарифа 2“, „Транспортер 2“, како и истрагата за случајот „Талир“ за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, што беше отворена во мај, која не го фати рокот од 18 месеци за подигање на обвиненија.

Пред една седмица СЈО го објави шестиот извештај за работењето, во кој обзнани дека преслушале над 500.000 снимки на прислушувани разговори, односно 85 отсто од вкупниот број.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...