Сите повредени од Кочани кои се сместени во Бугарија се во тешка состојба

Во болницата Пирогов се примени осум лица меѓу кои се најдоа и малолетници: две девојчиња и едно момче на возраст од 15 и 16 години. Најстариот е 31-годишен маж

Фото: Теута Бучи, Порталб

Сите повредени кои настрадаа во пожарот којшто се случи во Кочани и беа пренесени во болниците во Бугарија се во тешка состојба, пренесува Медиапул.бг.

Во болницата „Пирогов“ се примени осум лица меѓу кои се најдоа и малолетници: две девојчиња и едно момче на возраст од 15 и 16 години. Најстариот е 31-годишен маж.

Во тек е проценка за потребниот третман. Примените пациенти се во термички шок повеќе од 24 часа, рече директорот на болницата, д-р Валентин Димитров. Има пациенти кои се транспортираат од Македонија во болниците во Пловдив и Варна. Тројца се во поморската болница во Варна.

„Во текот на ноќта во болницата се примени осум пациенти, меѓу кои три деца под 18 години и пет пациенти со просечна возраст од 20-25 години. Најстариот е 31 година. Сите се во тешка состојба освен едно дете, кое е на детска интензивна нега. Сите останати се на интензивна нега на клиниката за изгореници, односно детското одделение и одделението за возрасни, во исклучително тешка состојба. Тројца од нив се интубирани, а останатите сè уште се прават проценки. Повредите вклучуваат изгореници на телото, горните екстремитети и лицето. Сите имаат изгореници со вдишување на горниот и долниот респираторен тракт, што е многу сериозна состојба“, изјави Д-р Димитров.