fbpx

Сите горива поевтинуваат, а најмногу дизелот – ќе се плаќа 6 денари по литар помалку

-

Одлука за поевтинување на сите горива донесе вчера попладне Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), при што најголемо намалување на цената има кај дизелот и екстра-лесното масло за домаќинства.

Врз основа на поевтинување на нафтените деривати на берзите и пораст на курсот на американскиот долар пред денарот, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од полноќ се продаваат за 5 денари/литар помалку отколку вчера.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 6 денари/литар, а Екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 5,5 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,55 денари/килограм.

Новите цени на горивата од полноќ се:

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,5 денари/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,5 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 79 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,5 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 56,749 денари/килограм

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...